Сириските бунтовници ја презедоа контролата на воена база заземена од ИСИС

Сириските бунтовници поддржани од САД тврдат дека презеле целосна контрола на клучната воздухопловната база претходно освоена од страна на Исламската држава (ИС) во близина на нејзиното упориште Рака.

Ова е значаен чекор во борбата да се протераат џихадистите надвор од градот, кој тие го прогласија за своја престолнина.

Талал Село, портпарол на Сириските демократски сили (SDF), соопшти дека го зазеле аеродромот Табка од милитантите, пренесува BBC.

Борците предводени од Курдите продолжуваат да напредуваат кон самиот град.
Меѓутоа, групите за цивилни права изразија загриженост за безбедноста на граѓаните кои сеуште живеат во оваа област.

Сириската организација за човекови права со седиште во Велика Британија (Syrian Obserrvatory for Human Rights) jави дека најмалку 89 цивили загинале во коалициските воздушни напади во текот на изминатата недела.

Заземањето на воениот аеродром е првиот голем успех на бунтовничката алијанса откако меѓународната коалиција, предвидена од САД, ги премести авионите зад линиите на ИСИС минатата недела, јавува BBC.

Воената база Табка падна во рацете на ИСИС во 2014 година. Џихадистите, веднаш по заземањето на базата извршија еден од најстрашните злочини – масовна егзекуција на заробените сириски војници.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Судија одби да ја прекине постапката против режисерот Полански за силување во 1977 години

Судија во Лос Анџелес ја отфрли молбата на жената, силувана од Роман Полански кога била ...

Во престрелки на Флорида загина полицаец, а тројца се ранети

Еден полицаец загина, а тројца се ранети во престрелки што во текот на ноќта беа ...

Close