Сирија: 33 лица загинаа при напад на училиште

Најмалку 33 лица загинале денеска во сириската провинција Рака при напад, кој го извршила коалицијата предводена од САД врз едно училиште, кое се користело како центар за раселени – соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права со седиште во Лондон.

– Засега можеме да потврдиме дека се убиени 33 лица, бегалци од Рака, Алепо и Хомс – се наведува во соопштението на Сирискиот центар.

Нападот е извршен јужно од градот Ал Мансура, во провинцијата Рака, кој е под контрола на џихадистичкатагрупа Исламска држава.

Додади коментар

Би те интересирало и

Судија одби да ја прекине постапката против режисерот Полански за силување во 1977 години

Судија во Лос Анџелес ја отфрли молбата на жената, силувана од Роман Полански кога била ...

Во престрелки на Флорида загина полицаец, а тројца се ранети

Еден полицаец загина, а тројца се ранети во престрелки што во текот на ноќта беа ...

Close