Сите детали од одлуката на Апелацискиот суд: Ниту сопругата не знае каде е Сеад Кочан

Според податоците на Министерството за внатрешни работи Сеад Кочан последен пат во системот за контрола на патници и возила бил евидентиран на 09.03.2017 година на излез од Македонија, а полициските службеници во потрагата на неговата домашна адреса ја затекнале неговата сопруга А. К. која не знаела да посочи каде може да биде нејзиниот сопруг.

Ова е дел од одлуката на Апелацискиот суд со кој судот делумно го уважи предлогот за мерка притвор за бизнисменот Сеад Кочан кој е осомничен дека со несоодветна документација добил тендер тежок 17 милиони евра.

Целата одлука на Апелацискиот суд ТУКА.

Превземено од: Емагазин

Додади коментар

Би те интересирало и

Костов: ГОБ „8 Септември“ оставена со долг од околу 5 милиони евра

Долгови на болницата од околу 5 милиони евра или 243 милиони денари кон разни фирми, ...

Гори депонијата во Тетово

Од утринава нешто по 8:30 часот гори депонијата на влезот во Тетово кај железничката пруга ...

Close