Склоноста кон масна храна е генетска – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Склоноста кон масна храна е генетска

Некои луѓе генетски се предодредени да посегнат по масна храна што ги изложува на зголемен ризик од гојазност, утврдиле британските научници, пренесува BBC.

 xТим од Универзитетот Кембриџ на доброволци им нудел неограничени количини зачинет пилешки гулаш и кремаст десерт.

Менито за 54 испитаници содржело три верзии од истото јадење со различно учество на маснотии односно шеќер. Испитаниците прво пробали примероци од сите три верзии на јадењето, а потоа можеле да изберат едно и да го јадат во неограничени количини.

Оние кои имале ген поврзан со гојазноста биле склони кон помасната верзија на јадењето и повеќе го јаделе. Генот се вика MC4R.  Се верува дека секој илјадити човек има оштетен облик на тој ген кој ги контролира гладтта и апетитот и колку успешно трошиме калории.

Мутациите на генот MC4R се најчеста генетска причина за гојазност во семејствата кој до сега е откриен.

Стручњаците веруваат дека луѓето развиле гени за глад за да се носат со времињата кога храната не била достапна.

Резултатите покажале дека луѓето со оштетен ген MC4R изеле повеќе масна храна од слабите испитаници, но и дебелите без оштетен ген кои биле вклучени како контролна група.

Се покажало дека луѓето со генот MC4R повеќе ја ценат маснотијата од шеќерот што е логично кога гените им велат дека треба долгорочно да складираат залихи енергија во телото, објаснуваат стручњаците.

Кога нема храна логично е да се јадат и да се складираат повеќе масти за да може да се бориме против изгладнувањето. Но, оштетениот ген значи дека тој човек ќе биде постојано гладен.

Извор: Макфакс


Во етер
Наслов
Изведувач

Background