Скокнал од зграда да се самоубие, завршил на КАРИЛ со скршеници

Четириесет и четиригодишен маж се обидел да се самоубие скокајќи од зграда на улицата Маршал Тито во Гевгелија.

Како што соопшти полицијата, А.Д. (44) се качил на подкровјето од зградата и од висина од околу 15 метри се обидел да се самоубие при што се здобил со тешки телесни повреди во пределот на рацете, нозете и р`бетот.

Тој бил однесен во ЈЗУ-Гевгелија, каде е реанимиран, по што како итен случај е испратен на „КАРИЛ“-Скопје. Увид извршила увидна екипа од ПСОН-Гевгелија. /макфакс/

Додади коментар

Би те интересирало и

Одбиени жалбите и за „Тендери“

Апелацискиот суд Скопје денеска соопшти дека се одбиени жалбите на СЈО и на обвинетите меѓу ...

Скопјанец загина во Крушево во несреќен случај

Седумдесет и осумгодишниот скопјанец Н.К. го загуби животот во несреќен случај. Според МВР, вчера околу ...

Close