Скопјанец починал на отворањето на „Охридско лето“

Скопјанец, роден 1954  година, починал откако му се слошило за време на свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“.

Присутни на трагичниот настан, за Супер радио и Огрид прес, потврдиле дека лицето се пожалило дека не му е добро и побарало помош. Следела брза реакција на екипите на Итната медицинска помош и лекари од Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – „Свети Стефан”, во Охрид.

Скопјанецот  бил реанимиран, по што околу 22:00 часот бил пренесен во Кардиолошкиот завод.

Но и покрај сите напори, поради тешката состојба во која се наоѓал, починал 45 минути по полноќ.

 

Извор: www.makfax.com.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Се удави 40 годишен маж во Дојранско езеро

Маж на возраст од 40 години попладнево се удави во Дојранското езеро. Несреќата се случила ...

Државјанка на Србија загина во сообраќајната несреќа кај Удово

Педесет и шестгодишна државјанка на Србија утринава загина во сообраќајната несреќа што се случи на ...

Close