Скопје за Супер Купот се претвори во Лас Вегас

Како тргнала работата, навивачите кои се очекува да допатуваат во Скопје за финалето меѓу Реал и Манчестер, ќе дојдат на денот на одигрување на натпреварот, а по мечот ќе продолжат во Грција на одмор едно 10 дена, бидејќи така поевтино ќе им дојде.

Англиските и шпанските навивачи, а и сите други кои планираат да ни дојдат на Телеком арената за финалето од Супер Купот на 8 август, ќе ги фркне глава кога ќе видат колкави се цените за хотелско сместување во Скопје.

На најпознатиот сајт за таа намена, Booking.com хотелите во главниот град на Македонија за периодот од 7-ми до 9-ти август се изгор скапи и навивачите кои ќе сакаат да резервираат ќе помислат дека ова е Њујорк или Токио.

Хотелска соба за две ноќевања за двајца чини по 1.500, 2.000 евра и повеќе, цени скроз нереални за кај нас, но тоа не е ништо. Еден од хотелите за истиот период има понуда од 4.000, а најскапиот чини 6.000 евра, мислиш Македонија е Малдиви.

Останува да видиме дали пивото во Скопје тие два дена ќе го направат 45 евра. а таксистите на навивачите ќе им наплаќаат 100 евра за три километри возење.

Додади коментар

Би те интересирало и

Книжевна вечер на МКЦ „Лебедовата песна на заробеничката на ветрот“

Во рамките на манифестацијата „МКЦ за Скопје“, со која Младинскиот културен центар – Скопје ја ...

Клиниката за кардиологија потврди дека Чавков имал срцев удар

Поранешниот директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, вчера бил примен на Клиниката ...

Close