Собранието ќе расправа за народниот правобранител

Собранието ќе ја продолжи шестата седница на која ќе продолжи расправата по годишниот извештај за работата на народниот правобранител. По неа следна точка за разгледување е разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ вчера упатија нов услов до своите колеги, да се отвори расправа за измените за Законот за јавнообвинителска служба кои тие го предложија на почетокот на оваа седница минатата недела, а дури потоа да се разговора за разрешувањето на актуелниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

„Ние предложивме закон којшто беше предложен по скратена постапка и одбиен од СДСМ и од ДУИ и сега го пуштивме во редовна постапка тој закон и мислиме дека е подобро да се разгледа“, изјави Илија Димовски, ВМРО- ДПМНЕ.

Преземено од: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат Собранието да одлучи за Договорот со Бугарија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара јавна, отворена и итна седница во врска со најавата за ...

Интегрална верзија од Договорот со Бугарија

Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе биде објавен на 1-ви следниот ...

Close