Сомалија: Ослободена посадата на грабнатиот танкер

Пиратите ја ослободија посадата која ја киднапираа заедно со танкерот, во понеделникот, недалеку од брегот на Сомалија, соопштија во петокот поморските сили на европската унија (EU Navfor).

„Танкерот Арис 13 и посадата се на пат кон безбедното пристаниште на северниот брег на Сомалија, откако вооружените пирати го напуштија бродот“, соопшти портпаролката на EU Navfor, Жаклин Шериф.

Експертот за вакви ситуации Џон Стед од организацијата „Oceans Beyond Piracy“, рекол дека танкерот плови кон пристаништето Босасо.

Арис 13 со посадата беше киднапиран во понеделникот пред пристаништето Алула во полуавтономниот регион Пунтланд. Пиратите побарале откуп, но во петокот посадата и бродот беа пуштени без никакви барања.

Никој од осумчлениот екипаж од Шри Ланка не е повреден. Танкерот е сопственост на компанија од Обединетите Арапски Емирати.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Судија одби да ја прекине постапката против режисерот Полански за силување во 1977 години

Судија во Лос Анџелес ја отфрли молбата на жената, силувана од Роман Полански кога била ...

Во престрелки на Флорида загина полицаец, а тројца се ранети

Еден полицаец загина, а тројца се ранети во престрелки што во текот на ноќта беа ...

Close