Сообраќајниот систем на Њујорк пред колапс, прогласена вонредна состојба

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендрју Куомо, прогласи вонредна состојба во транспортниот систем на градот Њујорк поради големите проблеми и застарената инфраструктура.

Во говорот на конференцијата на Градската сообраќајна управа(МТА), на која се бараат иновативни решенија за сообраќајните проблеми на Њујорк, Куомо рече дека од директорот на МТА, Џо Лота, побарал за 30 дена да направи план на реорганизација на оваа служба, а за 60 дена да ја заврши проценката на состојбата со инфраструктурата.

Куомо рече дека вонредната состојба ќе помогне побрзо да дојде до подобрување во функционирањето на сообраќајниот систем во Њујорк.

Лошата услуга и одлагањето на тргнувањата се сѐ почести во њујоршкото метро, во кој во вторникот десетици луѓе се повредени кога воз излезе од шините.

Куомо уште додаде дека „состојбата на пропаѓање“ на метрото е „целосно неприфатлива“ и наведе дека до „излудувачката“ ситуација дошло поради повеќедецениското недоволно инвестирање, неблаговременото одржување и наглиот раст на бројот на патници.

Тој уште додаде дека патниците би можеле да доживеат „пеколно лето“, но дека за јавниот градски превоз имаат и алтернатива, како траекти, експрес автобуси и возови на железницата.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Украина е подготвена да му суди на Кустурица

Украина е подготвена да му суди на српскиот режисер Емир Кустурица поради неговите повици за ...

Улилишта во Тексас ќе казнуваат со прачка!

Три училишта во американската држава Тексас се согласија повторно да воведат удирање со дрвена прачка ...

Close