Сопругата на Мета нов лидер на Социјалистичкото движење за интеграција

Привремениот лидер на албанското Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ), Петрит Васили синоќа се повлече од функцијата, по што е решено до одржувањето на партискиот конгрес со партијата да раководи Моника Круемади.

Четириесет и тригодишната Круемади е сопруга на актуелниот претседател на Албанија, Илир Мета, кој е основач на ЛСИ и беше нејзин лидер до пред два месеца, кога по изборот за шеф на државата се повлече од партиската функција.

Таа на својот профил на фејсбук синоќа напиша ја промовираше новата улога која ќе ја има ЛСИ, најавувајќи дека партијата сега ќе ја претставува „вистинската опозиција“ и ветувајќи дека ќе го „силно ќе го крева гласот за секоја загриженост на граѓаните“.

ЛСИ по парламентарните избори одржани на 25 јуни е трета по големина партија во Албанија. Нејзниот рејтинг е во постојан раст, што го потврдува и фактот дека на овие избори доби 19 пратенички мандати или три повеќе во однос на 2013 година.

Досега ЛСИ беше дел од коалициската Влада предводена од лидерот на Социјалистичката партија (ПС), Еди Рама, но на минатомесечните избори социјалистите освоија 74 места во 140-членото албанско Собрание, со што имаат апсолуитно мнозинство и можат самостојно да формираат влада. Таквата можност веќе ја најави и самиот Рама, кој рече дека ПС повеќе „нема потреба од коалицирање“.

Додади коментар

Би те интересирало и

Србите што убија американски турист и натаму на слобода

Српските државјани осомничени за претепување до смрт на американскиот турист Бакари Хендерсон, што се случи ...

Министерот за одбрана на Хрватска даде оставка поради пожарите

Министерот за одбрана на Хрватска, Дамир Крстичевиќ, поднесе оставка поради пожарите што ја зафатија земјата, ...

Close