Состанок на Европскиот регионален огранок на Меѓународниот архивски совет

Државниот архив на Република Македонија денеска и утре е домаќин на Состанокот на Извршниот одбор на Европскиот регионален огранок на Меѓународниот архивски совет на кој ќе се дискутира за повеќе прашања што се однесуваат на EURBICA и неговото функционирање, како и за иницијативи за идни проекти.

Директорот на Македонскиот архив Филип Петровски информира дека на состанокот ќе учествуваат 16 држави меѓу кои и претставници од Југоисточна Европа:

„Го поканивме и регионот на Југоисточна Европа да присуствува на Европскиот борд, за да се спојат активностите на европско ниво со нашиот регион“.

Според претседателката на Европскиот регионален огранок, Дебора Џенкис од Велика Британија, архивите се од основна важност за нашиот идентитет и на идентитетите на сите народи од Европа.

„Сметаме дека од основна важност е да ги прифатиме како добрите така и лошите делови од нашата историја и истите да ги ставиме во релевантни контексти“, порача Џенкис.

Државниот архив на Република Македонија  е член на Меѓународниот архивски совет од 1992 година и оттогаш е активен член во структурите на оваа организација.

Додади коментар

Би те интересирало и

Костов: ГОБ „8 Септември“ оставена со долг од околу 5 милиони евра

Долгови на болницата од околу 5 милиони евра или 243 милиони денари кон разни фирми, ...

Гори депонијата во Тетово

Од утринава нешто по 8:30 часот гори депонијата на влезот во Тетово кај железничката пруга ...

Close