Состојба на патиштата: Умерен сообраќај надвор од градовите

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово, се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури препорачуваме патување во раните утрински и вечерни часови. Правете почести одмори и конзумирајте повеќе безалкохолни пијалоци.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација. /амсм

Додади коментар

Би те интересирало и

Состојба на патиштата: Зголемен интензитетот сообраќај надвор од градовите

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци ...

Времето денеска: Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локални краткотрајни врнежи oд дожд ...

Close