Со законски измени до зајакнување на правната сигурност на граѓанските организации

Инспекциите и контролите што биле спроведени над 21 граѓанска организација во периодот од декември 2016 до мај годинава, укажуваат на голем број законски пропусти, кои го загрозуваат работењето на организациите. Ова го покажува деталната правна анализа на Македонското здружение на млади правници, Институтот за човекови права и Коалицијата Сите за правично судење.

Со законски измени до зајакнување на правната сигурност на граѓанските организации. Во деталната правна анализа за шестмесечните инспекции и контроли во организациите, невладиниот сектор дава препораки за измени во Законот за персонален данок на доход и во Законот за добивка од материјална природа, но и на одредби кои директно го уредуваат начинот на водење на даночна контрола.

Препораките се срочени во документ, кој е изработен во рамките на акцијата „Правна подготвеност за инспекции во граѓанските организации“ поддржана од програмата Цивика мобилитас.

Инијативата ја спроведуваат Македонското здружение на млади правници, Институтот за човекови права и Коалицијата Сите за правично судење.

„Законските недоследности овозможија даночните контроли да траат многу долго време и директно да го загрозат работењето на организациите“, вели Гоце Коцевски од Македонското здружение на млади правници.

„Не се работи за некои суштински измени, туку само постои потреба од допрецизирање. Јасно и прецизно уредување на одредени права и обврска. Доколку постои таква јасна прецизност, ќе имаме јасно толкување и нема да имаме никакви проблеми при спроведувањето на овие инспекции“, констатира Коцевски.

Невладините забележуваат и на тоа што нема законски рок во кој треба да заврши даночната контрола.

Забележани слабости на законската рамка:

  • Нејасна и непрецизна уреденост што се’ претставува непаричен доход (приход во натура), кој како таков подлежи на одданочување
  • Непостоење рок во кој треба да се заврши надворешната даночна контрола
  • Отсуство на јасна дефиниција кои се правните и фактичките односи што се сметаат за меродавни за одданочување
  • Финансиската полиција има овластувања кои ги надминуваат овластувањата утврдени со Законот за кривичната постапка
  • Непрецизно уреден опфат на овластувањата кои ги има јавниот обвинител во рамките на предистражната постапка

Ваквите препораки, невладиниот сектор денеска ги презентираше на тркалезна маса, на која презентираа и предлог инијцатива до Уставниот суд, со која се оспорува членот 5 став 2 од Законот за персоналниот данок на доход, со која, како што наведуваат оттаму, на нејасен и непрецизен начин се воспоставува обврска за плаќање на персонален данок на доход и за приходите „остварени во натура или на некој друг начин“.

 

Вања Мицевска

Додади коментар

Би те интересирало и

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат Собранието да одлучи за Договорот со Бугарија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара јавна, отворена и итна седница во врска со најавата за ...

Интегрална верзија од Договорот со Бугарија

Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе биде објавен на 1-ви следниот ...

Close