Со пари евра од ЕУ и ФАО експертиза, Македонија ќе го зголемува земјоделскиот потенцијал

Со два ипол милиони евра, пари од Европската унија и со експертиза од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) ќе се зголемува потенцијалот на земјоделскиот сектор во Македонија. Ова го овозможува проектот Меинленд, кој е поддржан од  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Секое домаќинство да поседува земјиште на поголема парцела, со правилна форма, наспроти сегашните мали парцели на различни локации – ова е целта на проектот Меинленд, преку кој ресорното министерство ќе го окрупнува земјоделското земјиште.

-Тоа ќе се одвива преку размена на парцелите со или без промена на формата, до целосно менување на нивните граници, за да се добијат површини погодни за производство. Дополнително, обработливите површини ќе се зголемат со инвестирање во хидромелиоративни системи – најави министерот, Љупчо Николовски на работилницата за консолидација која денеска ја организираше Министерството за земјоделство.

„Целта е секое домаќинство да поседува земјиште на поголема парцела, со правилна форма, наспроти сегашните мали парцели на различни локации, што ќе ги намали трошоците за обработка, ќе ја зголеми продуктивноста, можностите за примена на модерни производствени методи и техологии, како и можностите за изградба на подобра рурална инфраструктура. Активностите за селекција на подрачјата за консолидација ќе бидат поддржани од јавна кампања за подигнување на свеста, разбирањето и интересот за овој процес меѓу потенцијалните корисници“, нагласува министерот.

Евроамбасадорот, Самуел Жбогар порача дека што поскоро треба да се интервенира во законските решенија, да се искористат искуствата од ЕУ и експертизата на ФАО:

„Речиси сите земјоделски стопанства во Македонија се многу мали и се состојат од неколку распрскани парцели. Таквата голема фрагментација влијае врз локалните фармери, ја комплицира обработката, одзема повеќе време и пари, спречува модернизација, примена на современи технологии,… Тоа негативно влијае врз конкурентноста и ќе се одрази на можноста на земјата да се справи со пазарните сили во ЕУ“, нагласи Жбогар.

-Консолидацијата претставува процес на групирање на земјишните парцели, со цел нивно окрупнување, оптимизирање на земјоделските имоти и воспоставување на неопходната инфраструктура, притоа земајќи ја предвид заштитата на животната околина – потенцираат од ФАО.

Покрај денешната работилница, Министерството ќе организира и четири други, регионални со цел детално информирање на земјоделците и локалните чинители за окрупнување на земјиштето и придобивките за руралните заедници. Проектот Меинленд ќе се реализира до 2020 година.

 

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Анѓушев: Субвенциите за инвеститорите ќе зависат од висината на нето платата

Финансиските олеснувања кои од државата ќе ги добиваат како домашните, така и странските инвеститори ќе ...

Ќе се декласифицираат договорите со странските инвеститори

Владата на Република Македонија смета дека е од особен јавен интерес да биде јавна информацијата ...

Close