Србија планира до 2021 година да биде подготвена за членство во ЕУ

Српската министерка за евроинтеграции, Јадранка Јоксимовиќ изјави дека Србија има план до 2021 година да биде целосно подготвена за членство во ЕУ.

Таа во интервју за весникот „Политика“ истакна дека од Брисел е потребна попрецизна временска рамка, со цел Србија да може да ги планира не само сопствените активности, туку и буџетот.

На прашањето колкави се шансите Србија да добие јасен датум за членство во Унијата, таа нагласи дека очекува „појасно одредување“ и оти е потребна попрецизна временска рамка од Брисел, но не и конкретен датум.

„Ние знаеме која е наша работа во однос на она што им го ветивме на граѓаните, а тоа се реформите, кои се огледуваат и низ достигнување на критериумите за отворање на поглавјата. Многу претходни влади во Србија ветуваа датуми и години за членство, па реалноста ги демантираше. Наш план е до крајот на 2020 – 2021 година да бидеме целосно подготвени. Бидејќи кога ќе се затворат сите поглавја, тогаш државите членки во своите парламенти треба да го ратификуваат договорот за членство. Некои дури одржуваат и референдум за тоа прашање. И ние можеме тогаш да одржиме референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат. Затоа нас не интересира каков е планот на ЕУ. Тоа е легитимно прашање“, изјави српската министерка.

Додади коментар

Би те интересирало и

Во Трст – Порано по фармерки, сега по политичка и економска ренесанса за Балканот

Заедничко за овие иницијативи, договори и планови од Берлинскиот процес е поврзување на инфраструктурата и ...

Пожар во луксузен хотел во Истанбул

Пожар избувна рано изутринава во еден луксузен хотел со пет ѕвезди во истанбулката населба Бајрампаша. ...

Close