Срби, Хрвати, Бошњаци и Црногорци треба да имаат заеднички јазик – 200 експерти ја потпишаа Декларацијата

Откако се одржаа серија на регионални конференции во Подгорица, Сплит, Белград и Сарево, повеќе од 200 експерти по лингвистика и други социјални науки потпишаа Декларација за заеднички јазик.

Декларацијата настана како резултат на проектот „Јазици и национализми“, кои имаа за цел да ја подигнат свеста за јазикот, за да активно се влијае на постоечките националистички јазични пракси, во сите четири држави во регионот во кој се говори, српско хрватски, или хрватско српски јазик.

Сеуште не е позната точната содржина на Декларацијата која е составена од 30 лингвистички експерти од сите четири вклучени држави.

ЌЕ БИДЕ ДОСТАПНА НА СИТЕ ГРАЃАНИ

Текстот на Декларацијата и нејзините цели ќе бидат претставени на 30 март во Сараево, од страна на професорот Енвер Каваз, писателката Ивана Бодржиќ, писателот и новинар Билша Брковиќ, писателот Владимир Аренијевиќ од здружението Крокодил, како и директорката на Центарот за клутурна деконаминација Борка Павичевиќ.

Текстот на Декларацијата ќе стане достапен до сите заинтересирани граѓани на 1 април, на веб страната „jezicinacionalizmi.com“, каде тие кои ја поддржуваат ќе мора да дадат свој потпис и поддршка, јавува Радио Сараево.

Инаку, Декларацијата досега ја потпишаа повеќе од 200 лингвисти, книжевници, научници, активисти и други угледни јавни лица од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Меѓу нив се и Раде Шербеџија, Борис Дежуловиќ, Игор Штикс, Мријана Карановиќ, Марко Томаш, Ненад Величковиќ, Теофил Панчиќ, Рајко Грлиќ, Филип Давид, Борка Павичевиќ, Јасмина Жбаниќ, Драган Марковин, борис Буден, Виктор Иванчиќ, Билјана Србљановиќ, Ранко Бугарски, Балша Брковиќ и Снежана Кордиќ.

Инаку основна намера на овој проект е проблематизирање на прашњето и постоењето на четири „политички“ јазици на просторот на некогашниот хрватско-српско/српско-хрватско, низ отворен дијалог на лингвистите и други експерти.

Токму поради тоа што лингвистичката наука непринципиелно се вкрстува со идентитеската политика, и покрај посакуваната и остварена еманципација, како и формалното постоење на четири стандарди, идентитеските-јазични страсти не се смирија, а тезата за „педесетодишното јазично ропство“ и целиот дијапазон на погрешни интерпретации и понатаму трае.

Се се тоа причини поради кои четири партнерски организации од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Србија го покренаа проектот Јазици и Национализми, во соработка со Работната група на проектот, кој го прават највлијателните експерти на ова поле: Професор доктор Снежана Кордиќ, професор доктор Ханк Вајзовиќ, професор доктор Ранко Бугарски и Божена Јелусиќ. Проектот е поддржан од Алијанс Културстифтунг и Форумот ZFD.

Извор: Репортер

Додади коментар

Би те интересирало и

Хаљити: Кадри Весели в четврток ќе биде избран за претседател на косовскиот Парламент

Заменик претседателот на Демократската партија на Косово, Џавит Хаљити, тврди дека на 24 август за ...

„Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Грција за еден степен

Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ (Fitch) го зголеми кредитниот рејтинг на Грција за еден степен, од ...

Close