ССК: Компаниите да применуваат стандарди за поголем извоз и конкурентност

 

Домашните компании треба да имаат посериозен пристап во примената и сертификацијата на меѓународните стандарди, доколку сакаат да бидат поконкурентни и да имаат поголем извоз. Тоа може да им помогне и во услови на актулената политичка криза затоа што ќе имаат меѓународно признат производ – оценува Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

„Македонските компании моментно не толку сериозно ја прифаќаат  темата за стандардизацијата. Во последно време се гледа тенденција  за користење на сертификатите само за одредени намери, а не за подобрување на севкупното работење на компанијата“, рече денеска на прес-конференција Михајло Евросимовски, член на Управниот одбор на ССК.

Тој потенцира дека примената на меѓународните стандарди, пред се’ придонесува за поквалитетно работење на компаниите, поголема усогласеност на домашната и меѓународната законска регулатива и во исто време и за полесен пасман на производите и услугите кои ги нудат компаниите во Европа и светски рамки.

Според Евросимовски, во услови кога македонската економија трпи последици од политичката криза во државата која трае предолго, сертифицирањето може да им помогне домашните компании полесно да извезуваат производи и услуги  затоа што производот им е признат и имаат воспоставени релации со партнерите во Европа и пошироко.

Во Македонија најприменуван е основниот меѓународен стандард ИСО 9001, како Систем за управување со квалитет, и трансферот кон новата верзија на стандардот од 2015 година. Евидентен е трендот кон прифаќање поспецифични меѓународни стандарди, кои се применуваат во зависност од самата област, односно дејност.

Меѓународната организација за стандардизација (ИСО), како глобална мрежа на националните тела за стандардизација од 162 држави од сите региони во светот, има објавено 21.542 меѓународни стандарди и поврзани документи. Со нив се покрива работењето во речиси сите индустрии, технологија, здравство, безбедност на храна, земјоделство, енергетика.

Додади коментар

Би те интересирало и

Македонија досега изгубила 119 милиони евра од ИПА фондовите – Во ризик дополнителни 33 милиони

  Вкупно 614 милиони евра и’ биле ставени на располагање на Република Македонија за реализација ...

НБРМ: Раст на потрошувачките и станбените кредити, пад кај автомобилските

Кредитирањето во јули годинава бележи раст од 0,3 проценти, кое се должи на зголеменото кредитирање ...

Close