ССК: Со воведувањето на ИКТ, компаниите би биле поконкурентни на пазарот

Фото: Архива

Македонските компании мора да ги имплементираат комјутерските системи доколку сакаат да бидат конкурентни на пазарот и да ја зголемат ефективноста и ефикасноста во работењето – порачуваат од ИКТ комората при Сојузот на стопански комори на Македонија. Оттаму истакнуваат дека компаниите коишто нема да го следат технолошкиот напредок, ризикуваат да останат надвор од пазарот. ­

„Како држава заостануваме во имплементацијата на ИКТ технологиите во стопанството. Затоа сакаме да ги поттикнеме компаниите похрабро да влезат во инвестиции во информатичкиот дел“, рече претседателот на ИКТ комората Саша Огненовски на денешната прес­ конференција. Од друга страна, како што посочи Огненовски, македонските компании се соочуваат со недостиг на веќе обучен ИКТ кадар. ­

„За жал, се соочуваме со ситуација искусните кадри во ИКТ секторот да бидат веќе ангажирани така што има недостиг од стручен кадар. Се’ уште има продукција на ИКТ кадар во високото образование којшто би требало да ја задоволи потребата на компаниите, но тоа е кадар којшто нема доволно искуство и треба дополнително да се дообучи во компаниите“, додаде Огненовски.

Она што останува предизвик на македонските компании во иднина е да работат на привлекување и задржување на младите ИКТ кадри во домашните фирми, наместо тие да бидат ангажирани во странски компании.

Додади коментар

Би те интересирало и

Николовски: Наскоро целосно ќе бидат исплатени субвенциите за 2016 година

До крајот на месецов или на почетокот на наредниот месец целосно ќе бидат исплатени субвенциите ...

Царовска: Пензиите нема да се кратат

Кратење на пензиите нема да има – децидна е министерката за труд и социјална политика, ...

Close