Судот на СЈО му одби 14 од 18 барања за притвор

Заклучно со денеска, Судот одби вкупно 14 барања за притвор од вкупно поднесени 18 од Специјалното јавно обвинителство.

Притвор не им е изречен на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујовски, шефот на Кабинет на поранешната министерка Горадна Јанкуловска, Тони Јакимовски, како и за лицата Н.Н. и Н.Б.

Притвот не добија ниту пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, потоа уредникот во ТВ Сител, Драган Павловиќ Латас, поранешниот вицепремиер, Владимир Пешевски, ексминистерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, началникот во МВР, Ѓоко Поповски, градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски и лицето Л.Л. Ц.

Судот останува да се произнесе за уште 5 барања за определување притвор, во случајот „Титаник“, меѓу кои и за врвот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Платформа за бесплатно сместување во Скопје за УЕФА Суперкупот

Огромниот пораст на цените за сместување во хотелите во Скопје, но и во Македонија поради ...

Aпелација ги објави одлуките: Груевски не може да бега со лична карта

Апелациониот суд ги објави одлуките за одбивањето на мерките притвор за обвинетите во „Титаник“, меѓу ...

Close