Судот не може да одлучи дали е надлежен за сведочењето на Слободан Богоевски

Граѓанскиот суд за 5 септември го одложи судењето за клевета на ексразузнавачот Слободан Богоевски од тужителите Али Ахмети и Муса Џафери.

На денешното рочиште бил сослушан нотарот пред кого Слободан Богоевски го дал сведочењето. Нотарот се повикал на доверливост и тајност на податоците кои биле изнесени во сведочењето согласно етичкиот кодекс на нотарите.

Судот се уште не може да одлучи за стварната и месната надлежност на предметот со оглед на фактот дека Слободан Богоевски изјавата ја дал пред Окружниот суд во Њујорк. До следното рочиште судот треба да ги разгледа тезите на тужителите и одбраната.

Во овој предмет, по основ на клевета, лидерот на ДУИ од Богоевски бара отштета од 3 милиони евра, а Муса Џафери од 2,5 милиони евра.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат Собранието да одлучи за Договорот со Бугарија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара јавна, отворена и итна седница во врска со најавата за ...

Интегрална верзија од Договорот со Бугарија

Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе биде објавен на 1-ви следниот ...

Close