Суд во Њујорк одлучуваше дали шимпанзото е личност

Американскиот адвокат, Стивен Вајз вчера пред Државниот апелациски суд во Менхетн аргументираше дека шимпанзата треба да бидат третирани како личности.

Вајз, кој е претставник на „Нонхјуман Рајтс Проџект” – организација за заштита на правата на животните, поднесе барање шимпанзата Томи и Кико да бидат ослободени од кафезот и да живеат „во азил“ на отворено, оти, како што вели, „заслужуваат подобар и поквалитетен живот“.

Тој веќе неколку години, засега неуспешно, се труди да докаже дека мајмуните треба ги уживаат човековите права.

Доколку го добие процесот, Томи и Кико ќе добијат азил на еден од островите близу Флорида.

„Нонхјуман Рајтс Проџект” во 2013 ја почна правната битка во име на Кико и Томи, а потоа и во име на Херкул и Лео, шимпанза што се користат за анатомски експерименти на Универзитетот Стоуни Брук на Лонг Ајленд.

Додади коментар

Би те интересирало и

Бремената Џесика Алба е магнет за погледи, дури и во најлежерно издание

Актерката Џесика Алба која во моментов го очекува нејзиното трето дете, не мора да биде ...

Џејн Фонда менува имиџ пред осумдесеттиот роденден

Оскаровката Џејн Фонда која во декември ќе го прослави осумдесеттиот роденден, на прагот од новата деценија ...

Close