Летно освежување со супа од краставица

 

Супата од краставица е одлична за освежување во топлите летни денови. Се подготвува брзо и едноставно, а може да се конзумира во чаша или пак во чинија.

Потребни состојки за четворица:

800 gr краставица

100 ml јогурт

500 ml вода

Зеленчукова коцка за супа

2 чешниња лук

2 лажици исечкан млад лук, а може и власец

1 лажичка исечкани листови од коријандер или магдонос

 

Начин на подготовка :

Во вода која врие ставете ја зеленчуковата коцка и оставете да врие 5 минути. Во апарат за сечкање ставете ја на крупно исечената краставица заедно со јогуртот, половина од количинатата во која ставивте коцка и истолчен лук. Мешајте додека не добиете едолична и густа смеса. Потоа додадете го остатокот од течноста и наросете со исечканиот лук и коријандерот, а потоа оставете да се излади. Може да ја послужите на собна температура или пак изладена.

Додади коментар

Би те интересирало и

Жените кои водат љубов барем еднаш неделно стареат побавно

Сексуалните односи го успоруваат стареењето кај жените, дури и ако не уживаат во интимноста – ...

Шише „Пенфолд гранж“ на аукција во Австралија продадено за над 35.000 евра

Шише исклучително ретко вино на познатата австралиска винарија „Пенфолдс“, е продадено за 51.750 австралиски долари ...

Close