Сѐ за храна: Освежително смуди од праски без шеќер – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Сѐ за храна: Освежително смуди од праски без шеќер

Ова е многу брз и освежителен рецепт за смуди од праски, погоден за летните топли денови. Потребни ви се само 10 минути и неколку здрави состојки од кујната. Идеално е за појадок, но може да го послужите како ужина или здрав десерт.

А не само во лето, истиот може да го приготвувате во било кое време, затоа што се прави со замрзнати праски. Едноставно, земете зрели праски, исчистете ги од семките, ставете ги во кеси или садови со херметичко затворање, и замрзнете ги. Уживајте во вкусот на овошното и здраво смуди од праски штом посакате.

Состојки:

  • ½ чаша млеко со мал процент на масти
  • ½ чаша јогурт со мал процент на масти
  • 1 чаша исчистени замрзнати праски
  • 1 лажица мед
  • ¼ мала лажичка екстракт од ванила
  • прстофат цимет
  • прстофат морско оревче по желба
  • прстофат рендан ѓумбир по желба.

Подготовка:

  1. Земете две до три праски. Излупете ги, исечкајте ги на четвртини и отстранете ги семките. Праските ставете ги во најлонска ќеса со херметичко затворање. При затворањето пробајте да истиснете воздух колку што можете. Ќесата ставете ја во замрзнувач и оставете ги праските да се замрзнат.
  2. Замрзнатите праски, млекото, јогуртот, медот, ванилата, циметот, морското оревче и ѓумбирот ставете ги во блендер и миксирајте ги додека добиете хомогена смеса. Готовото смуди од праски послужете го веднаш. На здравје!

Превземено од: sezahrana.mk


Во етер
Наслов
Изведувач

Background