СЈО го презеде случајот „Сопот“

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) го презеде случајот „Сопот“, на последниот ден од рокот за произнесување, откако го доби предметот од Обвинителството за организиран криминал и корупција, минатата недела. За ваквата одлука, според која специјалната обвинителка Катица Јанева е надлежна за случајот, информирани се и адвокатите.

Случајот „Сопот“ е од 2003 години, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина. Дванаесет лица од селото беа осудени на затвор, заради тероризам, но од прислушуваните материјали објавени во 2015 година беше утврдено дека не постоеле силни докази за пресудата.

Следното рочиште за „Сопот“ ќе се одржи на 18 септември, во Основниот суд Скопје 1.

 

Извор: Нова Македонија

Додади коментар

Би те интересирало и

Одбиени жалбите и за „Тендери“

Апелацискиот суд Скопје денеска соопшти дека се одбиени жалбите на СЈО и на обвинетите меѓу ...

Скопјанец загина во Крушево во несреќен случај

Седумдесет и осумгодишниот скопјанец Н.К. го загуби животот во несреќен случај. Според МВР, вчера околу ...

Close