СЈО ја тресе Крива Паланка

На разговор се повикани и директори на локални јавни претпријатија, како и партиски членови кои учествувале во незаконско финансирање.

Истражители на Специјалното јавно обвинителство пред неколку дена ја продолжиле истрагата за сомнителното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, па на информативен разговор веќе биле повикани десетина високо рангирани партиски функционери од Крива Паланка, дознава Плусинфо.

На разговор се повикани и директори на локални јавни претпријатија, како и партиски членови кои учествувале во акцијата за нелегално финансирање, а биле вработени во приватни фирми. Оваа истрага е продолжеток на истрагата на СЈО која започна неодамна во Охрид.

Според тоа, што засега е познато, учесниците во нелегалното финансирање на партијата, добивале пари во кеш од Скопје, а потоа преку свои луѓе од доверба, ги уплаќале парите на партиската сметка преку експозитура на една банка во Крива Паланка. За целата операција, СЈО веќе имало обезбедено огромен број докази.

Превземено од: ПлусИнфо

Додади коментар

Би те интересирало и

Костов: ГОБ „8 Септември“ оставена со долг од околу 5 милиони евра

Долгови на болницата од околу 5 милиони евра или 243 милиони денари кон разни фирми, ...

Гори депонијата во Тетово

Од утринава нешто по 8:30 часот гори депонијата на влезот во Тетово кај железничката пруга ...

Close