Тајзи праќа важна порака со „Сине“

Последното парче во низата на Тајзи, темата со наслов „Сине“, според него би можело да се дефинира како круна на неговата кариера која почна пред 10 години.

На тема видео, идејата му е спотовите да изгледаат светски, а за тоа да се случи избира да работи со Даниел Јовески.

Текстот за „Сине“ е на Тајзи, на музиката потпис става и Лазар Цветковски.

„Спотот е вистинско мало ремек дело. Ќе ве наежи и ќе ве замисли во каква сурова реалност живееме и каква борба не чека во животот“ – вели Тајзи за видео записот за „Сине“.

Снимен е на повеќе локации, во Куклици (Кратово), тврдината Зебрњак, како и боксерските клубови од Куманово и Скопје. Шминката на Андријана Станковска го трансформираше Тајзи во старец, а продукцијата Балкатон од Србија се пофали дека им е многу драго што имаат ваков талентиран артист во своите редови и видеото го најави како нешто кое сигурно ќе ги помести границите.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background
mk Macedonian
X