Тело на давеник пронајдено во канал

Вработени во Водостопанство „Брегалница“ – Кочани, вршејки увид на теренот за состојбата со испорачаната вода во полињата, изутринава забележале труп на удавен човек закачен на решетките од каналот кај село Жиганци.

Од Водостопанство „Брегалница“ информираат дека за случаот веднаш е известена Полициската станица од Кочани и се очекува во текот на претпладнево телото да биде изваден од водите на каналот.

Според нив, ова не е прв случај на пронаоѓање тела на удавени во десниот магистрален канал од Хидросистемот Брегалница кај селото Жиганци на металната ограда.

Се очекува во текот на денешниот ден да биде идентификувано удавеното лице, а на местото на настанот да излезе и истражен судија и увидна екипа.

Додади коментар

Би те интересирало и

Швајцарија: Маж со моторна пила повредил пет лица

Најмалку пет лица се повредени, од кои две добиле тешки повреди, во напад на сѐ ...

Две лица се убиени во израелската амбасада во Јордан

Двајца Јорданци загинаа, додека еден Израелец е ранет во инцидент со огнено оружје, во израелската ...

Close