Тепачка меѓу двајца скопски газди, едниот тешко ранет

Едно лице со тешки повреди заврши на Ургентен, а друго е приведено во полициската станица во Центар во вчерашниот инцидент во една скопска фирма.

Околу 13.00 часот во просториите на една приватна фирма во Скопје,  дошло лицето Ф.Ш. (35) од с.Љубин, скопско,  претставник на друга приватна фирма по што настанала расправија помеѓу него и вработениот Д.А. (54) од Скопје.

Причина за расправијата биле нерасчистени должнички односи помеѓу двете горенаведени фирми.

Во еден момент Ф.Ш. земал ножици и го нападнал Д.А., нанесувајќи му неколку убодни рани во пределот на грбот и вратот. Од страна на друг вработен Ф.Ш.  бил спречен да продолжи со нападот, бил совладан и задржан до доаѓање на полициски службеници. После тоа бил приведен во ПС Центар.

Со возило на Итна медицинска помош Д.А. бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди, по што е задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Преземено од: Нетпрес

Додади коментар

Би те интересирало и

Во Скопје пронајден мртов пробиштипјанец со расекотина во вратот

Седумдесет и осумгодишен маж од Пробиштип синоќа е пронајден мртов на улицата „Антон Панов“ во ...

Сопружници загинаа во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце загина 76 годишен жител од тетовско ...

Close