Тимот на Заев денеска требаше да се произнесе во однос на индициите на ОЈО за изборни нерегуларности

Не се одржа денешното рочиште во Јавното обвинителство во врска со случајот во кој лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е осомничен за изборни нерегуларности.

Заев и неговите адвокати не дојдоа, а самиот обвинител Марко Зврлевски имал на гости обвинители од други држави во рамки на утрешната меѓународна конференција на тема „Следење на комуникациите – законска рамка и искуства, улога на јавниот обвинител“.

Заев денеска заедно со својот адвокатски тим во Јавното обвинителство по извршениот увид во доказите, требаше да се произнесе за индициите на ОЈО дека тој и партијата сториле наводни изборни нерегуларности за предвремените избори лани во декември.

За оваа истрага отворена уште минатата година, сослушани биле повеќе од 70 лица како сведоци.

Преземено од: ПлусИнфо

Додади коментар

Би те интересирало и

Костов: ГОБ „8 Септември“ оставена со долг од околу 5 милиони евра

Долгови на болницата од околу 5 милиони евра или 243 милиони денари кон разни фирми, ...

Гори депонијата во Тетово

Од утринава нешто по 8:30 часот гори депонијата на влезот во Тетово кај железничката пруга ...

Close