Тихоокеанскиот „огнен прстен“ се активира: Подземни сили ги разбудија вулканите на Камчатка

Сеизмолозите  во регионот на источниот дел на островот Камчатка, од четвртокот, регистрираа десетици земјотреси со различна сила, а последниот земјотерс беше во петокот наутро, со интензитет од 6,1 степен според Рихтер.

Инаку, претходно имаше земјотрес од 6,7 степени по Рихтер. Епицентарот беше во Тихиот Океан и првично руската сеизмолошка служба објави опасност од цунами, но потоа ја симна објавата.

Според научници, цитирани од РИА-Новости, хипоцентарот на последниот посилен земјотрес од 6,1 степен е на 40 километри длабочина, а земјотресот е почувствуван во две населени места и на скалата за сеизмички влијанија врз површината EMS-98, е окарактеризиран како од трет или- четврти степен.

До овој момент нема извештаи за штети и жртви, но локалните служби ги проверуваат зградите и инфраструктурата.

Обично премногу честата сеизмичка активност е придружена со активирање на вулканите, какви што има многу на Камчатка.

Таму има 30 активни вулкани, чии ерупции може да бидат придружени со празнења на големи количества на лава и пепел.

Годишно на полуостровот во активна фаза се помеѓу 2 до 5 вулкана. Камчатка е дел од т.н. тихоокеански “огнен прстен”.

Линијата на контакт помеѓу литосферните плочи околу Пацификот генерираат околу 90% од земјотресите во светот.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

УНИЦЕФ: Исламистите од Боко Харам се повеќе деца користат како „човечки бомби“

Исламистичката група Боко Харам се повеќе деца, главно девојчиња од североисточна Нигерија, ги користи како ...

Во Мароко се уапсени две лица осомничени за врски со терористите од Барселона

Мароканските власти уапсиле две лица, осомничени за врски со извршителите на терористичкиот напад во Барселона, ...

Close