Тлото во Охрид се тресеше и во текот на изминатата ноќ

Пет минути по полноќ Охрид го погоди нов силен земјотрес, кој според корегираните информации бил со магнитуда од 4.1 степени според Рихтер. Епицентарот е во раседот помеѓу Охрид и Ресен на 9 километри источно од селото Косел.

По овој, следеа повеќе послаби потреси. На земјотресот од 4.1 степени, му претходеше серија земјотреси со среден интензитет. Во 20.46 часот регистриран е земјотрес со магнитуда од 2.7 степени според Европската макросеизмичка скала. Во 21.41 регистриран е земјотрес со јачина од 2.7, во 22.07ч. со јачина од 2.9 и во 22.33ч. со јачина од 2.6 степени.

Според сеизмолозите се работи за афтершокови по големиот земјотрес што се случи вчера со јачина од 5 степени според Рихтер. Од 18-ти јуни до денес во охридскиот регион регистрирани се над 1000 земјотреси.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат Собранието да одлучи за Договорот со Бугарија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара јавна, отворена и итна седница во врска со најавата за ...

Интегрална верзија од Договорот со Бугарија

Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе биде објавен на 1-ви следниот ...

Close