Тракторист загина во сообраќајна несреќа

Тракторист од кумановското село Оризари починал откако вчера изутрина во 10:40 часот се превртел со тракторот на шумскиот пат на околу два километра на влезот во село Алашевце.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека четириесет и петгодишниот, тракторист А.Д. од здобиените повреди починал на местото на несреќата. Смртта ја констатирал лекар од Општа болница Куманово.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, а со одобрение на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Додади коментар

Би те интересирало и

Три предвремено родени близначиња починале на Клиниката за гинекологија и акушерство

Тројка предвремено родени бебиња починаа на Клиниката за гинекологија и акушерство – пишува порталот Плусинфо. ...

Пронајдено искасапеното тело на позната шведска новинарка

  Во водите кај Копенхаген е пронајдено обезглавено женско тело со отсечени екстремитети, соопшти данската ...

Close