Тракторист се превртел и починал

На некатегоризиран пат од манастирот „Св. Петар“ кон охридско село Брежани-Дебарца, 58-годишниот М.Ј. од село Велмеј, управувајќи со трактор се превртел и починал на лице место.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила вчера околу 14:50 часот.

– Смртта била констатирана од страна на доктор од екипата за Итна медицинска помош. Увид на лице местото извршила екипа од СВР-Охрид и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на семејството за погреб – велат од МВР.

Преземено од: Нова Македонија

Додади коментар

Би те интересирало и

Двајца починати од тешка заразна болест, уште четири лица задржани на Инфективна

Заразната болест од која починале две лица на Клиниката за инфективни болести во Скопје предизвика ...

Штипјанец ја претепал девојката, а објавил и фотографии на лажен профил на Истаграм

Штипјанец заработи кривична пријава, осомничен дека сторил кривини дела, телесна повреда при семејно насилство и ...

Close