Трамп одби да се ракува со Меркел (видео)

Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика уште еден скандал, овој пат за време на долго очекуваниот состанок со германската канцеларка Ангела Меркел.

Имено, Трамп и Меркел им позирале на фоторепортерите во пресрет на првата меѓусебна официјална средба, при што неколкумина фоторепортери гласно побарале да се ракуваат за да можат да го снимат тој момент.

Веднаш потоа Меркел на Трамп тивко му рекла „Мислам дека сакаат ракување“, на што Трамп продолжил да гледа „во празно“ и така го игнорираше барањето на германската канцеларка.

Сепак, американскиот претседател и германската канцеларка се ракуваа претходно, при нејзиното влегување во Белата куќа.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Судија одби да ја прекине постапката против режисерот Полански за силување во 1977 години

Судија во Лос Анџелес ја отфрли молбата на жената, силувана од Роман Полански кога била ...

Во престрелки на Флорида загина полицаец, а тројца се ранети

Еден полицаец загина, а тројца се ранети во престрелки што во текот на ноќта беа ...

Close