Трамп потпиша указ со кој ги укинува мерките на Обама за климата

Американскиот претседател Доналд Трамп потпишал во понеделникот уредба со којашто се отфрла клучната мерка од планот „Clean Power“ од својот претходник Барак Обама, кој на термичките централни им налага намалување емисијата на CO2.

Во кусата изјава во седиштето на Агенцијата за заштита на природната околина (EPA), во која ниеднаш не го спомена прашањето на климатските промени, американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека „сака да ја заврши војната против јагленот“.

Администрацијата на Трамп смета дека прописите на онаа на неговиот претходни Обама против климатските промени го попречуваат работењето на рударската индустрија и на црпењето нафта. Американскиот претседател сака да го зголеми домашното производство на енергенси и да поттикне отворање нови работни места.

„Тоа ќе ѝ овозможи на EPA да се насочи кон својата основна задача, заштитата на воздухот и водата“, изјави Трамп кој повеќепати ја доведуваше во прашање основаноста на тврдењето за загревањето на планетата и улогата на човековите активности во тоа.

Неговата уредба предизвикува загриженоста за вистинскиот став на САД во врска со исполнувањето на обврската од Парискиот договор за климата кој го потпишаа повеќе од 190 земји и региони кон крајот 2015 година по долгите години тешки преговори.

Со најавата на „новата ера“ во енергетскиот сектор во САД, Трамп инсистираше на потребата од укинување на уредбите за природната средина кои се „непотребни и уништуваат работни места“.

„Ги обожувам рударите од јагленокопите, прекрасни луѓе“, изјави Трамп и вети дека ќе им ја врати работата. „Ќе произведуваме американски јаглен за американските индустрии“, истакна.

Планот „Clean Power Plan“, чијашто цел е забрзување на енергетската транзиција, им одредува на термоцентралите намалување на емисијата на ЦО2 за 32 отсто до 2030 година во однос на нивото од 2005 година. Кога би стапил на сила, би се затвориле бројни електроцентрали на јаглен, прогласени за најстари и најголеми загадувачи на природата. Тој план сега го блокира правосудството на кој му се обратија триесетина сојузни држави, главно оние кои во коишто во власт се републиканците. Повторното разгледување на планот ќе потрае, признава владата.

САД, по Кина, се вториот најголем загадувач според количества на емисија на гласови коишто го предизвикуваат ефектот на стаклена градина и загревање на планетата.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

УНИЦЕФ: Исламистите од Боко Харам се повеќе деца користат како „човечки бомби“

Исламистичката група Боко Харам се повеќе деца, главно девојчиња од североисточна Нигерија, ги користи како ...

Во Мароко се уапсени две лица осомничени за врски со терористите од Барселона

Мароканските власти уапсиле две лица, осомничени за врски со извршителите на терористичкиот напад во Барселона, ...

Close