Тренер од Кавадарци доби кривична пријава за сексуален напад на малолетничка

Тренер на стрелечки клуб од Кавадарци доби кривична пријава од полицијата за педофилија, односно за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години – соопшти денеска МВР.

Шеесет и осумгодишниот Б.П.  од Кавадарци, во период од околу три месеци, во просториите на стрелечки клуб лоциран во гимназијата „Добри Даскалов“, како тренер повеќепати вршел полови дејствија над тринаесетгодишно девојче.

Судија на претходна постапка на пријавениот му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Во Скопје пронајден мртов пробиштипјанец со расекотина во вратот

Седумдесет и осумгодишен маж од Пробиштип синоќа е пронајден мртов на улицата „Антон Панов“ во ...

Сопружници загинаа во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце загина 76 годишен жител од тетовско ...

Close