Тренирање во бременоста, табу или потреба – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Тренирање во бременоста, табу или потреба

Иако тренингот во бременоста е нормална и секојдневна појава, во нашето општество и понатаму е табу и се смета за ризично однесување за време на бременоста.

Но наспроти тоа, многу трудници кои тренираат велат дека се чувствуваат одлично, поодморни се кога тренираат, имаат поголема енергија, помалку ги боли грбот.

Светската здравствена организација пропиша дека трудниците кои имаат нормална бременост дека треба секој ден да се бават со некоја физичка активност минимум 30 минути.

Во секој случај треба да се избегнуваат вежби преку кои можат да се повредат.

Прилагодената телесна активност е важна бидејќи спречува гестациски дијабет, висок притисок како и венска тромбоемболија и на тој начин ги штити мајката и бебето.

Извор: Мама365


Во етер
Наслов
Изведувач

Background