Турција и официјално се заканува: Ќе ја затрупаме Европа со емигранти

Турција преку својот министер за надворешни работи се закани дека еднострано ќе го раскине договорот за емигрантите и бегалците кој во март 2016 го потпиша со Европската Унија и кој овозможи значително намалување на приливот на емигранти и бегалци во Европа.

„Можеме еднострано да го раскинеме тој договор. Сѐ уште не сме ги информирале нашите (европски) соговорници, сѐ е во нашите раце“, изјави турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу во интервју за турската 24 ТВ, во време на тензии со повеќе земји на ЕУ.

Во случај на еднострано откажување на договорот за емигрантите Европа најверојатно повторно лесно би била затрупана со голем емигрантски бран.

„Сега можеме да кажеме „повеќе нема да го применуваме и готово“. Не ни треба дозвола од никого“, додаде Чавушоглу.

Тој ѝ замери на Европската Унија дека не одобрила либерализација на визите за кратки престои на турските државјани во ЕУ, иако тоа беше предвидено со договорот.

„Либерализацијата на визите е услов без кој не се може“, оцени турскиот министер. Брисел смета дека турските закони за сузбивање на тероризмот ги кршат основните слободи и дека затоа не се прифатливи.

Договорот за емигрантите ЕУ и Турција го потпишаа во Брисел пред една година за да го сопрат секојдневното пристигнување на илјадници емигранти со бродови на грчките острови во Егејското Море.

Со договорот покрај либерализацијата на визите беа предвидени уште неколку отстапки, меѓу кои и финансиска помош за Анкара од 3 милијарди евра со можност за продолжување кога средствата ќе се потрошат.

Односите на ЕУ и Турција се влошија откако Германија и Холандија минатата недела не им дозволија на турски министри на нивна територија да присуствуваат на собири за поддршка на референдумот за проширување на овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Извор: МКД

Додади коментар

Би те интересирало и

Судија одби да ја прекине постапката против режисерот Полански за силување во 1977 години

Судија во Лос Анџелес ја отфрли молбата на жената, силувана од Роман Полански кога била ...

Во престрелки на Флорида загина полицаец, а тројца се ранети

Еден полицаец загина, а тројца се ранети во престрелки што во текот на ноќта беа ...

Close