Уапсен најголемиот нарко бос во Јужна Америка

Еден од најголемите јужноамерикански „кралеви на кокаинот“, кој бегаше од полицијата речиси 30 години и правел пластични операции за промена на лицето, е уапсен во западната бразилска држава Мато Гросо, соопшти бразилската полиција.

Луиш Карлос да Роша, познат по прекарот „Бела глава“, е уапсен во акцијата именувана „Спектрум“, во градот Сорисо, што на португалски значи „насмевка“, се наведува во полициското соопштение.

Да Роша го променил името и личниот опис за да и побегне на полицијата и да продолжи да се занимава со трговија на дрога.

Како што се наведува, во акцијата е уапсен и човекот што важел за „десна рака“ на Де Роша, а за време на акцијата, во која учествувале 150 агенти, запленети се луксузни автомобили, авиони, фарми и друг имот вреден десет милиона американски долари.

Тој е обвинет дека развил голема нарко мрежа, која опфаќа производство на кокаин во џунглите на Боливија, Колумбија и Перу, а дрогата ја дистрибуирале во Јужна Америка, САД и Европа.

Де Роша е уште обвинет дека бил еден од главните добавувачи кои владеат во големи подрачја на Сао Паоло и Рио де Жанеиро, како и дека врз основа на тоа се стекнал со 100 милиони УСД лично богатство. /макфакс/

Додади коментар

Би те интересирало и

Украина е подготвена да му суди на Кустурица

Украина е подготвена да му суди на српскиот режисер Емир Кустурица поради неговите повици за ...

Улилишта во Тексас ќе казнуваат со прачка!

Три училишта во американската држава Тексас се согласија повторно да воведат удирање со дрвена прачка ...

Close