Уапсен претседателот на Шпанската фудбалска федерација

Претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Анхел Марија Вилар е уапсен утринава – јави мадридски „Ел Паис“, повикувајќи се на извори во правосудните власти. Вилар е осомничен за проневера на фондовите на Федерацијата.

Заедно со него е уапсен и неговиот син, како и повеќе други осомничени лица, како дел од една поширока операција на полицијата и на обвинителството.

Весникот открива дека операцијата била предводена од истражните органи на Вишиот суд во Мадрид и на Специјалното обвинителство за борба против корупцијата.

Вилар, кој е поранешен шпански фудбалер, е претседател на фудбалската федерација уште од 1988 година. Во време на неговото раководење со шпанскиот фудбал, репрезентацијата на Шпанија беше два пати првак на Европа, а во 2010 година и светски шампион.

Анхел Марија Вилар е 29 години во управувачките органи на ФИФА.

Додади коментар

Би те интересирало и

Голема победа на Вардар против Копенхаген, „црвено-црните“ на чекор до историја!

Вардар слави голем триумф над Копенхаген, „црвено-црните“ победија со 1-0, триумф без примен гол кој ...

Со дербито Шкендија – Вардар стартува новата сезона во ПМФЛ

Со дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар ќе биде отворена новата сезона во македонскиот фудбалски ...

Close