Убавинити на Кораб

Има нешто многу просто, и тоа е тишина, има нешто толку тивко, висина, ах висина. Легни спрема ова небо, тони во височини, склопи очи, склопи очи, уморен си, почини. Блаже Конески совршено ја опеал тишината на височините.

А неговите стихови во целост се доживуваат на околу 2.000 метри надморска височина во подножјето на Кораб, каде што се слева тишината заедно со Корапскиот Водопад, највисокиот водопад во Македонија.

Овој водопад е во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб. Се јавува во пролетните месеци поради топењето на снегот на источната страна на врвот Мал Кораб. Во зависност од сезоната и водостојот на изворот, водопадот варира во висина и интензитет.

Најголем интензитет има кон крајот на мај и почетокот на јуни, а понатаму во текот на летото, губи од својaта јачина. Крајот на летото и почетокот на есента, водата само се лизга по карпите.

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Стојановски четврти во второто олимписко финале

Македонскиот пливач, Андреј Стојановски го прoдолжува својот успешен настап на Олимписките игри за глуви што ...

Зголемен бројот на лекарски интервенции во Куманово

Службата за итна помош од Куманово регистрира од 10 до 15 проценти зголемен број на ...

Close