Уметнички портрет на Јордан Плевнеш

По повод изборот на Јордан Плевнеш за редовен член на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, денеска во Домот на културата „Бели мугри“ во Кочани ќе се одржи уметнички портрет на овој македонски писател насловен „Македонски состојби“.

За творештвото на Плевнеш ќе говори Доне Донев, а ќе биде изведен и перформанс според текстови од авторот од студенти по актерска игра од класата на професор Мето Јовановски на Универзитетот за аудиовизуелни уметности-Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија- Скопје-Париз-Есен-Ротерам.

Кочани е избран како прв град во кој ќе почнат академските свечености по повод изборот на Јордан Плевнеш за академик бидејќи во драмата „Македонски состојби“, преведена и играна на голем број јазици во светот, Плевнеш е инспириран од познатото семејство Поп Иванови кое потекнува од овој град.

Стефан Поп Иванов, првиот покраински секретар на Комунистичката партија на Македонија и неговата ќерка Малина Поп Иванова, единствените Македонци кои фигурираат на листата на рехабилитирани на историскиот 20-ти конгрес на Комунистичката партија на СССР во рефератот на Никита Хрушчов и контраверзната фигура на поетот Цеко Поп Стефанов кој се самоубива на денот на ослободувањето на Скопје – 13 ноември 1944 година.

Политичката синтагма „Македонски состојби“ (“Mazedonische Zustände”), наслов на една од најизведувани драми на Плевнеш, тој  ја откри во истражувањата во Виенскиот архив, а значи „да не се знае кој кого убива и во чие име“.

Додади коментар

Би те интересирало и

Со два концерти вечерва завршува музичката програма на годинешното „Охридско лето“

Со два концерти за претпоследниот ден на 37. фестивалско издание вечерва завршува музичката програма на ...

Над 60 филмови на осмиот „Македокс“, кој почнува вечерва

Со македонската премиера на документарниот филм „Со љубов“, снимен по сценарио на Атанас Георгиев и ...

Close