Унгарскиот претседател го потпиша спорниот закон за бегалците

Претседателот Јанош Адер го одобри законот и покрај противењето на многубројни групи за заштита на човековите права

Унгарскиот претседател Јанош Адер го потпиша спорниот закон со кој се овозможува сите баратели на азил, вклучувајќи ги и малолетниците постари од 14 години, да се задржуваат во притвор во граничните контејнерски кампови.

Адер законот го потпиша во средата, на денот кога во таа земја се одбележува државен празник во знак на сеќавање на унгарската револуција (1848 година) против хабсбуршката монархија, се наведува на веб-страницата на унгарскиот парламент.

Унгарскиот претседател го одобри законот и покрај противењето на многубројни групи за заштита на човековите права.

УНИЦЕФ оцени дека таа одлука е големо разочарување за сите деца на кои ќе влијае новиот закон.

„Притворот никогаш не е во најдобар интерес за детето“, соопшти Агенцијата.

Новиот закон е дело на „легалното затворање на границите“ на унгарската влада, односно серија правила, кои заедно со оградите изградени во 2015 година на границата со Србија и Хрватска треба да ги држат мигрантите надвор од земјата.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан тврди дека новиот закон за бегалците е во согласност со законските стандарди на Европската Унија.

Извор: Телеграф

Додади коментар

Би те интересирало и

„Сандеј Тајмс“: Кралицата Елизабета нема да се повлече за Чарлс да стане регент

Британската кралица Елизабета II нема намера да се повлече од британскиот престол за нејзиниот син, ...

Во Холандија се бара враќање на визите за албанските граѓани

Полицијата и обвинителството во Амстердам бараат од холанската Влада да го врати визниот режим за ...

Close