ФАЦ: Очајот на Груевски не ветува ништо добро за Македонија?

Конзервативниот германски Франкфуртер алгемајне цајтунг денеска пишува дека однесувањето на поранешниот премиер Никола Груевски и неговата партија не ветуваат ништо добро за иднината на земјата, пренесува Дојче веле.

сликано: Вања Мицевска

Над Македонија се надвиснува политичка бура, предупредува денеска ФАЦ во текстот под наслов „Излез од излезот“, а во поднасловот се прашува дали земјата е пред граѓанска војна? Традиционалните несогласувања меѓу мнозинството Македонци и малцинството Албанци овојпат, според ФАЦ, не се тие кои ја водат земјата во голема несигурност.
„Но овојпат се води внатремакедонски конфликт меѓу двата големи табори кој ја надминува вообичаената политичка конкурентност и се заканува со насилна ескалација“.

„(…) Претседателот Ѓорге Иванов, кој работи по директива на Груевски, одбива да му го даде мандатот за формирање влада на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Образложение: Соработката на Заев со Албанците е закана за унитарноста. Груевски притоа докажува дека може да ги мобилизира своите приврзеници. Во вторникот, кога на разговори во Скопје дојде европскиот комесар за проширување Јоханес Хан, само во главниот град демонстрираа 50 илјади луѓе против влада на СДСМ и Албанците. Политичките барања на Албанците водат кон распад на Македонија, гласеше пораката од протестите“.

„(…)Барањата на Албанците во суштина се широки. Албанскиот јазик треба да стане втор официјален државен јазик. Во крајна линија барањата, кои не се ултиматум, туку се претставени како основа за преговори, одат кон тоа Албанците повеќе да не бидат привилегирано малцинство, туку пред сѐ еднаква заедница во Македонија“.

„(…) По посетата на Хан на Скопје размерот на кризата стана уште појасен. Претседателот Иванов немаше време да се сретне со Хан. Тоа што Груевски, клучниот човек зад Иванов, сега влегува во отворен конфликт со ЕУ, ја покажува очајничката храброст со која Груевски сака по секоја цена да ја задржи власта“.

„(…) Груевски тврдеше дека предвремените парламентарни избори ќе донесат излез од кризата во Македонија. Но, откако исходот не му донесе задоволувачки резултати, сега тој бара нови избори, на некој начин излез од излезот. За Македонија тоа не ветува ништо добро“, пишува ФАЦ.

Додади коментар

Би те интересирало и

Костов: ГОБ „8 Септември“ оставена со долг од околу 5 милиони евра

Долгови на болницата од околу 5 милиони евра или 243 милиони денари кон разни фирми, ...

Гори депонијата во Тетово

Од утринава нешто по 8:30 часот гори депонијата на влезот во Тетово кај железничката пруга ...

Close