Фејсбук покажува каде има слободно wi-fi во близина

Фејсбук ја развива својата нова алатка „Пронајде wi-fi“ („Find WiFi“), која им овозможува на корисниците да лоцираат wi-fi хотспот преку апликацијата, низ светот.

Опцијата веќе е достапна во некои држави, според соопштението од Фејсбук. Компанијата открила дека дополнителната алатка им помогнала на патувачите и луѓето што ги користат своите телефони во области со слаба мрежна покриеност.

„Каде и да сте, лесно може да ги мапирате најблиските конекции кога интернетот на вашиот телефон е слаб“, пишува во соопштението.

Опцијата може да се најде во табот „Повеќе“ („More“) во Фејсбук апликацијата. Откако се селектира „Find WiFi“, корисниците ќе може да ги погледнат најблиските хотспотови.

Оваа опција е достапна од петокот.

Додади коментар

Би те интересирало и

Се’ за храна: Непечени чоколадни коцки со бисквити

Брзо, лесно и едноставно направете вкусни чоколадни коцки со бисквити. Рецептот е испробан во кујната ...

Фотографија на денот: Кучешки денови

Знаете ли што се Кучешки денови? Тоа е периодот на убаво и топло време од ...

Close