Физички нападнато 16-годишно момче?!- Инцидентите не престануваат од почетокот на протестите

Вчера,  околу 13 часот и 30 минути, шест лица го нападнале 16- годишниот Егзон од Куманово.

На местото на настанот во близина на средното училиште „Марија Кири” во Скопје, денес имаше полиција. 16-годишниот Егзон од Куманово, кој учи во средното училиштето „Димитар Влахов” во близина, вчера како што опишува бил совладан од шестмина негови врсници од училиштето „Марија Кири- Склодовска”. Расправијата почнала во автобусот со кој патувале.

Еден од родителите на учениците кои учествувале во тепачката, денеска самиот се појавија во полициската станица, тврдејќи дека станува збор за детска кавга и дека тоа не треба да се злоупотребува за други цели.

Полицијата го потврди инцидентот, и ја продолжува истрагата. Ова е еден од неколкуте инциденти случени во период кога во центарот на Скопје се одвиваат протести од иницијативата За Заедничка Македонија. На почетокот, полицијата вели дека дошло до тепачка меѓу ученици од средните училишта во близина на градската автобуска станица во Скопје. Насилство имаше и кон новинари, како и кон дуќанот на берберот Нуши во Сарај, кој беше демолиран.

Од МВР велат дека се расчистени некои од случаите на насилство, додека за другите се уште се води истрага.

Преземено од: Тв21

Додади коментар

Би те интересирало и

Во Скопје пронајден мртов пробиштипјанец со расекотина во вратот

Седумдесет и осумгодишен маж од Пробиштип синоќа е пронајден мртов на улицата „Антон Панов“ во ...

Сопружници загинаа во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце загина 76 годишен жител од тетовско ...

Close