Филипинец спасен по 56 денови на море

Филипински рибар е спасен во водите крај Папуа Нова Гвинеја откако плутал по морето 56 денови, но неговиот чичко не издржал, известуваат во саботата папуансите медиуми, пренесува AFP.

Двајцата мажи испловиле од пристаништето Генерал Сантос, на југот од Филипини, во јануари, но бурата ги однела на отворено море каде што залутале додеа еден рибарски брод не го забележал 21-годишниот Роландо Омонгос на 9-ти март, пишува весникот Post Courier.

Според весникот, кој се повикува папуанската полиција, двајцата мажи немале храна на бродот што довело до смртта на чичкото. Роландо Омонгос го држел телот на починатиот во бродот колку што можел подолго, но на крајот морал да го спушти во морето кога почнало да се распаѓа.

Момчето коешто преживеало благодарејќи на двата петлитарски канистри со вода е најден ослабен и престрашен од екипажот на бродот „Bermadethe Marie“ кој пловел од Вевак до Рабаул, град на папунскиот остров Њу Бритејн.

Омонгос бил прегледан од лекарите и сé уште се наоѓа на бродот во Рабаул, додека не биде организирано неговото патување до Филипини.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

На која возраст мозокот најдобро работи?!

Со помош на магнетна резонанца, научниците го анализирале мозокот на 359 луѓе, на возраст помеѓу ...

Соопштение на лекарска ординација стана хит на интернет

Еден лекар во Босна и Херцеговина на влезот на својата ординација објави соопштение, кое стана ...

Close