Францускиот амбасадор го посети ЗНМ

Францускиот амбасдор во Македонија, Кристијан Тимение во четвртокот имаше средба со претставници на Здружението на новинарите.

Амбасадорот, Тимоние рече дека со посебно внимание ја следи политичката криза во Македонија и очекува таа брзо да се надмине. Тој изрази подготвеност да ја продолжи соработката со ЗНМ за справување со предизвиците во сферата на медиумите.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани му се заблагодари на амбасадорот Тимоние за солидарноста со македонските новинари, кои во последно време се изложени на зачестени напади.

Селмани рече дека македонските медиуми се заложници на интересите на партиите на власт и на тајкуните. Имаме непрофесионални медиуми затоа што тие се неслободни, рече Селмани.

Тој потсети дека институциите имаат обврска да се грижат за безбедноста на новинарите и да ги казнат насилниците. Според него, државата мора да престане да се вмешува во финансирањето на медиумите и повеќе внимание да посвети на реформирањето на Македонската радиотелевизија.

Додади коментар

Би те интересирало и

Костов: ГОБ „8 Септември“ оставена со долг од околу 5 милиони евра

Долгови на болницата од околу 5 милиони евра или 243 милиони денари кон разни фирми, ...

Гори депонијата во Тетово

Од утринава нешто по 8:30 часот гори депонијата на влезот во Тетово кај железничката пруга ...

Close