Хотел се промовира кај брачни двојки со рефундирање на трошоците при развод

Брачните двојки коишто ќе се разведат во рок од една година по престојот во хотелот „Countryside“, ќе имаат барем една причина за радост, бидејќи хотелот ќе им ги надомести трошоците, објави шведска групација која сака со ваквата кампања да ги поттикне двојките да се посветат себеси пред да биде предоцна.

„Се надеваме дека сé повеќе луѓе ќе сфатат колку е важно да се вложува еден во другиот, пред да биде предоцна за спасување на односите“, изјавила портпаролката нагрупацијата Ана Мадсен, пренесува AFP.

Притоа, таа ги отфрла стравувањата дека нивната иницијатива би можела да биде злоупотребена.

Имено, за да го остварат враќањето на трошоците, двојките треба да ја наведат шифрата на резервацијата на престојот во некој од 40-те луксузни хотели на групацијата и, доколку, а „тоа е против секое очекување“, се разведат во рок од една година, можат да го испратат судското решение за разводот на адресата на групацијата „Countryside Hotels“, којашто ќе им ги надомести трошоците за престој до две ноќевања.

Двојките мора да бидат законски венчани и да престојуваат во иста хотелска соба, се наведува., Понудата којашто има неограничено траење, е воведена од 20-ти март годинава и засега не се знае дали довела до зголемување на резервациите.

„Голем број луѓе дојде да се распрашаат дали навистина важи оваа понуда“, додала портпаролката и појаснила дека целта на иницијативата е да гои наведе двојките да го променат своето секојдневие.

„Видовме колкава е благодатта да се прекине рутината и да се посветиме еден на друг“, рекла Мадсен уверена дека кампањата ќе помогне во зацврстување на брачните односи.

Според последните достапни податоци, оние за 2014 година, во Шведска биле склучени 47.000 бракови и судски прогласени 27.000 разводи.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

БиХ ќе влегува во Гинисовата книга со најголем бурек на светот

Група ентузијасти од Босна и Херцеговина ќе организираат печење на најголемиот бурек во светот со ...

Најнепосетени туристички дестинации во светот

Според извештајот на Светската организација UN, во 2016-та година, само 1000 луѓе го посетиле јужно-пацифичкиот ...

Close